Kontroliranje (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 7 | Nivo: american college

Системи и процеси на контролирањето
Менаџментот се дефинира како процес на раководење кој се остварува во согласност со одредени правила, уважување на проверени начела и примена на соодветни техники. Менаџментот се состои од планирање, организација, водење и вреднување.
Почеток на првите системи и процеси на контролирањето во менаџментот
За време на Втората Светска Војна, се појавувале проблеми со квалитетот во многу од Британските високо технолошки индустрии како што се индустријата за муниција, каде што бомбите експлодирале во фабриките за време на монтирањето.
Во такви услови решението што го усвоиле британците било тоа да фабриките почнат да ги документираат процедурите за изработка и тоа да го потврдуваат со записи (документи) кои ќе ги чуваат и врз таа основа да се заснова производството. Овој стандард се викал BS 5750, и бил познат како стандард за управување, бидејќи не се однесувал на тоа што се изработува туку се однесувал на тоа како да се управува со процесот на изработка. Со тоа во Седан во 1987 Британската Влада го предложила BS 5750 на Интернационалната Организација за Стандардизација да биде признат како интернационален стандард. Така BS 5750 станува ISO 9000.
Општо за системите и процесите на контролирањето
ISO 9000 е фамилија на стандарди за системите за управување со квалитетот. ISO 9000 е пронајден и составен (изработен) од организацијата ISO (International Organization for Standardization) која е управувана од асоцијација на луѓе кои се овластени и квалификувани во областа за управување со квалитетот.
Компанијата или организацијата на која независно и е извршен надзор (преглед во работата) може да носи назив дека нејзината работа (производи) е стандардизирана со ISO 9000, односно дека ISO 9000 стандардот гарантира дека во таа фирма се имплементирани одредени конзистентни процеси кои ќе и помогнат на таа организација да стане најдобра во својата класа доколку константно го унапредува нејзиниот систем за менаџмент со квалитетот. Погрешно е да се мисли дека за квалитетот на производите на таа организација гарантира ISO 9000 стандардот.
Треба да се спомне, дека кога се спомнува зборот производ дека не се мисли само на физички производ туку и на софтвер и на најразлични услуги.
Верзијата на ISO 9000 од 1987
ISO 9000:1987 ја има истата структура како BS 5750, со три модели на системите за обезбедување на квалитет кои претставуваат збир на активности на организацијата.
ISO 9001:1987 е модел за обезбедување на квалитетот во дизајнот, истражувањето, производ-ството, имплементацијата и одржувањето наменет за компании и организации чии активности вклучуваат создавање на нови производи.
ISO 9002:1987 е модел за обезбедување на квалитетот во производството, имплементацијата и одржувањето и го содржи во основа истиот материјал како ISO 9001 но со исклучок на деловите во кои е опфатено создавањето на нови производи.
ISO 9003:1987 е модел за обезбедување на квалитетот во крајното испитување и тестирање на финалниот производ, без оглед на тоа како се дошло до тој производ.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!